top of page

ПРОЕКТИРАЊЕ

Со долгодишното искуство и страст кон архитектурата, имаме постигнато значителни успеси во областа на планирање и проектирање на станбени, деловни и индустриски објекти. Нашите проекти се недвосмислено израз на уникален стил, функционалност и одржливост.

 

Новите трендови во енергетскиот сектор допринесоа со проширување на дејноста и со целосни проекти за изведба на фотоволтаични централи.

 

Секој проект е резултат на детално истражување и интензивна соработка со нашите клиенти, со цел креирање на решенија кои ги надминуваат очекувањата и воодушевуваат.

 

Ние сме посветени на одржлив дизајн и иновации во областа на зелената архитектура. Со гордост истакнуваме дека во нашите проекти интегрираме еколошки одговорни решенија, претварајќи ги во функционални и привлечни архитектонски дела.

 

Нашите проекти во целост ги опфаќаат сите фазни проекти неопходни за проектирање на еден објект и тоа основен архитектонски проект, основен проект за водовод и канализација, основен проект за електротехника, основен проект за машински инсталации, градежно конструктивен проект, елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, елаборат за енергетска ефикасност, потврда за енергетска ефикасност.. 

 

Ако имате било какви прашања, можности за соработкаили или барања за наши услуги не се колебајте да не контактирате. Ви благодариме за вашата заинтересираност и се надеваме дека ќе имаме можност да работиме заедно на следниот предизвик во светот на архитектурата.

АРХИТЕКТУРА

  • Комплетни услуги за архитектонско проектирање и документација (основни проекти, проекти за изведба, проекти на изведена состојба)

  • Проектирање на високо градба

  • Проектирање на ентериерни решенија

  • Ревизија на проекти и проектна документација

ВОДОВОР И КАНАЛИЗАЦИЈА

  • Проектирање на решенија за водовод и канализација (основни проекти, проекти за изведба, проекти на изведена состојба)

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Техничка документација

ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Техничка документација

ГРАДЕЖНО КОНСТРУКТИВЕН ПРОЕКТ

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Техничка документација

МАШИНСКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Техничка документација

СООБРАЌАЈ

  • ?

ПРОТИВ ПОЖАРНА ЗАШТИТА

  • Квалитетна и брза изработка на документација од областа на Противпожарната заштита (ППЗ Елаборати, Правилници, Проценки, Проекти)

ПАРТЕНО УРЕДУВАЊЕ

  • Проектирање и дизајн за партерно и хортикултурно уредување, со помош на инженерски кадар и високопрофесионални софтверски програми.

ул. „Скупи 3А“ бр.40А 1000 Скопје

Република Македонија

​​Тел:     +389 2 3229 018

Моб 1: +389 78 299 173

Моб 2: +389 78 276 427

ИНГРА ДООЕЛ СКОПЈЕ

bottom of page