top of page

ПРОЕКТИРАЊЕ

Со долгодишното искуство и страст кон архитектурата, имаме постигнато значителни успеси во областа на планирање и проектирање на станбени, деловни и индустриски објекти. Нашите проекти се недвосмислено израз на уникален стил, функционалност и одржливост.

 

Новите трендови во енергетскиот сектор допринесоа со проширување на дејноста и со целосни проекти за изведба на фотоволтаични централи.

 

Секој проект е резултат на детално истражување и интензивна соработка со нашите клиенти, со цел креирање на решенија кои ги надминуваат очекувањата и воодушевуваат.

 

Ние сме посветени на одржлив дизајн и иновации во областа на зелената архитектура. Со гордост истакнуваме дека во нашите проекти интегрираме еколошки одговорни решенија, претварајќи ги во функционални и привлечни архитектонски дела.

 

Нашите проекти во целост ги опфаќаат сите фазни проекти неопходни за проектирање на еден објект и тоа основен архитектонски проект, основен проект за водовод и канализација, основен проект за електротехника, основен проект за машински инсталации, градежно конструктивен проект, елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, елаборат за енергетска ефикасност, потврда за енергетска ефикасност, проект за заштита од бучава и звучна изолација, сообраќаен проект, проект за партерно уредување и проект за отстранување на објекти. 

 

Ако имате било какви прашања, можности за соработка или или барања за наши услуги не се колебајте да нè контактирате. Ви благодариме за вашата заинтересираност и се надеваме дека ќе имаме можност да работиме заедно на следниот предизвик во светот на архитектурата.

АРХИТЕКТУРА

  • Комплетни услуги за архитектонско проектирање и документација (основни проекти, проекти за изведба, проекти на изведена состојба)

  • Проектирање на високоградба

  • Проектирање на ентериерни решенија

  • Ревизија на проекти и проектна документација

ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА

  • Проектирање на решенија за водовод и канализација (основни проекти, проекти за изведба, проекти на изведена состојба)

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Техничка документација

ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Проектирање на електроинсталации (јака и слаба струја) и громобранска заштита

ГРАДЕЖНО КОНСТРУКТИВЕН ПРОЕКТ

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Градежно-конструктивни проекти (основни проекти и проекти за изведба)

МАШИНСКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Ревизија на проекти и проектна документација

  • Проектирање на машински инсталации (греење, ладење, вентилација)

СООБРАЌАЈ

  • Проектирање на сообраќајни решенија, пристапи, паркиралишта и внатрешни сообраќајници

ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

  • Квалитетна и брза изработка на документација од областа на Противпожарната заштита (ППЗ Елаборати, Правилници, Проценки, Проекти)

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ

  • Проектирање и дизајн за партерно и хортикултурно уредување, со помош на инженерски кадар и високопрофесионални софтверски програми.

МЕНАЏЕР ПЛАН

  • Изработка на менаџер план за енергетска ефикасност.

ПРОЕКТ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ

  • Изработка на проект за отстранување (уривање) на постоечки објекти и делови од објекти.

ПРОЕКТ ЗА ГРАДЕЖНА ЈАМА

  • Проектирање на заштита и обезбедување на градежна јама при ископ.

ПРОЕКТ ЗА ВРЕМЕН СООБРАЌАЈ

  • Проект за привремен режим на сообраќај за време на изведба на градежни работи.

ПРОЕКТ ЗА ДИСЛОКАЦИЈА НА ИНСТАЛАЦИИ

  • Проектирање на дислокација (преместување) на постоечки инфраструктурни инсталации.

Имате проект или прашање? Јавете ни се или пишете ни – ќе ве посоветуваме за потребната документација, роковите и следните чекори.

ИНГРА ДООЕЛ Скопје – урбанистичко планирање и проектирање, INGRA Skopje

ИНГРА ДООЕЛ СКОПЈЕ

bottom of page