top of page

ДЕЈНОСТИ

Целосен тим на инженери и соработници учествуваат во изработка проект план за Вашиот иден дом или деловен објект. Со нашето долгодишно искуство и соработка со голем број на надворешни соработници и институции брзо и во целост ќе ја реализираме Вашата идеја за изградба на нов или реконструкција на постоечки објект.

Нашата компанија за вршење на надзор на изградба на градби од прва категорија (согласно Законот за градење) поседува лиценца А за надзор, а за градби од втора категорија (согласно законот за Градење) поседува лиценца Б за надзор.

Елаборати и потврди за енергетска ефикасност, енергетски контроли и менаџер план. Овластени енергетски контролори.

Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) претставува едно од основните права на работниците и законска обврска на секој работодавач. Ги преземаме сите обврски од областа на БЗР за вашата фирма.

Изведба на градби од втора категорија согласно лиценца Б.

Фотоволтаична централа е посебен електричен систем кој произведува енергија од обновлив и неисцрпен извор, сонцето. Во суштина, постојат два вида фотоволтаични системи: Системи поврзани со мрежа и Самостојни системи. Врз основа на Вашите потреби изработуваме целосна проектна документација потребна за целосна изведба, приклучување и ставање во финална употреба на фотоволтаичната централа.

Ревизија на урбанистички проекти и на основни проекти во сите фази, со лиценца А.

- ЕЛАБОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

- ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ

- ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА СПАСУВАЊЕ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ

- ПЛАН ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ И ДРУГИ НЕСРЕЌИ

- ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЕКСПЛОЗИИ

- ПРОЦЕНА НА ЗАГРОЗЕНОСТ ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ И ДРУГИ НЕСРЕКИ

- СКИЦА ЗА ЕВАКУАЦИЈА СПАСУВАЊЕ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ

- ЕЛАБОРАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

-откуп на земјиште   

-посредување при склучување на договори   

-посредување при договори за купопродажба   

-запишување на права на недвижности   

-водење на постапка пред надлежен орган

Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на Просторен план, урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, регулациски план на генерален урбанистички план и урбанистичко-проектна документација, со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.

Концептуален пристап во изработката на ентериерни решенија со јасна графичка презентација и 3D визуелизација. Преку интеграција на креативноста на нашиот тим и желбите на инвеститорот,  создаваме современи и модерни решенија за секој тип простор. Желбите и финансиските можности на инвеститорот секогаш се на прво место.

Процена на вредност на недвижен имот и транспортни средства за банки, судови и физички и правни лица.

Целосна подготовка на ИПАРД апликации на едно место – тим од архитекти, економисти и земјоделски инженери: проектирање, документација и проектна апликација.

ИНГРА ДООЕЛ СКОПЈЕ

bottom of page